Овие денови не е баш лесно за владата во Македонија а дека тоа е така веќе се приметува на надворешниот изглед на Османи.
Иако многумина мислеа дека Османи има лош бербер кој треба да го промени сепак на крајот се испостави дека не е до берберот туку до лошата политика на Бугарија кон Македонија која на Османи прво му ги искина нервите а потоа се манифестираше со опаѓање на Косата.
За да дознаеме дали овие тврдења се точни се обидовме да го контактираме берберот на Османи но тој несакаше да ни даде изјава затоа што неможел да зборува за своите муштерии и морал да го почитува правото на нивната дискреција Па затоа му се обративме директно на Османи.
„Ахххх новинари новинари мислев дека за разлика од владиниве колеги барем вие имате разбирање ама за жал не било така, мислам како да ви објаснам дека мојот бербер е ок а дека мојата коса започна повторно да опаѓа затоа што Бугарија води лоша политика кон нашата земја. Откако Бугарија го повлече својот амбасадор мене од стрес почна да ми паѓа косата и најверојатно истата ќе продолжи се додека Бугарија не си го врати амбасадорот назад во нашата Земја а да бидам реален ако не го вратат назад за брзо време најверојатно ќе ми падне целата коса па ќе мора да пресадувам“. Заклучува Османи
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Мислела дека нема да се омажи поради црна Магија но сепак на крајот…
Бил Гејтс: Со секој купен Windows 10 или 11 добивата гратис спреј против комарци наместо антивирус
Испитувањата на паднатиот метеор во Бугарија докажаа дека вселената има Бугарско потекло