Ковачевски: Ако Заев продолжи да ми прави проблеми ќе бидам приморан да превземам мерки

Отако СДСМ ги загуби локалните избори во 2021 година започнаа внатрепартиските превирања.

По оставката на Заев на чело на СДСМ и на владата застана Сегашниот премиер Ковачевски кој се обиде да ја консолидира партијата но во овие обиди очигледно има потешкотии затоа што некој му прави проблеми.

„Сакам сите да знаат дека јас правам се што е во моја моќ да ја консолидирам СДСМ но за жал тешко ми оди во тоа затоа што љубоморниот Заев е во сојуз со Груевски и ми прави проблеми!!! Да бе да сериозно ви кажувам немојте да се смеете па Заев цело време до ден денеска ми ги граде тендерите за да неможам да направам нови капитални проекти а знаете како е чим нема добар % од тендер нема проекти и нема спокој во партијата па затоа до ден денес неможам да извршам консолидација во партиските редови ако Заев го продолжи ова делување заедно со Груевски ќе бидам приморан да превземам мерки во спотивно сите во СДСМ за тендер ооо пардон за леб ќе протрпиме“. Кажа Ковачевски за медиумите.

Заев за се што е погоре наведено кратко кажа дека нема време да се занимва со некој си Ковачевски кој го видел само на телевизија.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw