Веќе измина првата недела од Месец Јануари, бидејќи сите во Декември месец си ги потрошивме паричките повеќе од јасно е зошто овој месец ни трае како една година.
Министерот Бесими и во 2023 година ги истакнува своите способности кога е во прашање подоброто збирање на пари од даноци за да имаме полна каса.
Бесими: „Сите кои во лебчето добиле паричка ќе рачунаме дека оствариле екстра профит во 2023 година и ќе бидат оданочени а доколку не го платат данокот во законски предвидениот рок ќе им тропне извшрител за да го наплати данокот“.
Од министерството за финансии кажаа дека веќе знаат кои луѓе за Бадниковата вечера оствариле екстра профит но дека ќе почекаат да дојде Василица затоа што доста голем дел од народот врти леб со паричка и на Василица па потоа сите еднакво и во исто време ќе бидат оданочени.
Ковачевски, Џафери и Пендаровски го поздравија воведувањето на овој данок и кажаа дека парите собрани од овој данок ќе се искористат за да се зголеми исплатата за патните трошоци на пратениците.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Османи: Повлекувањето на Бугарскиот амбасадор ми предизвика повторно опаѓање на Косата
Путин: Бујар Османи има лоша фризура го советувам веднаш да го промени берберот
Ковачевски: Ако Заев продолжи да ми прави проблеми ќе бидам приморан да превземам мерки