March 31, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Доколку пратениците не ги направат уставните измени многу ќе ме налутат

Приклучувањето кон ЕУ е многу важен и клучен момент за вашата држава, затоа да им кажам на народните избраници во собранието да ги изгласаат уставните измени бидејќи во спротивно многу ќе ме налутат но и ќе му овозможат на Груевски да се врати на власт.

„Знам дека ова ќе им биде многу тешко на народните избраници но на крајот на краиштата не е потешко од Славјанка или Маричиќ затоа ги советувам народните израници да влезат во собранието и да ги направат уставните измени во спротивно ќе ме налутат и нема да примаат плата, тендери и најважно од се ќе нема ни патни трошоци“. Истакна амбасадорката на САД која никогаш не се меша во внатрешните работи на нашата земја освен кога терба да се замеша па во име на демојратијата ја почитува одлуката на народот освен тогаш кога нетреба да ја почитува односно сега.

Моментално сите пратеници во собранието се паднати во голема депресија и неможат да функционираат.

Неофицијално пратениците гризаат нокти и кубат коси бидејќи постои опасност да ги изгубат своите плати, тендери, и патни трошоци па не ќе можат да ги одржаваат своите швалери/ швалерки или пак да отидат комотно во казино како секој нормален човек.

Првиот човек на собранието кажа дека уставните измени најверојатно ќе се случат затоа што на пратениците им биле понудени повеќе тендери дупли плати и по 1 милион евра месечно како награда за изгласувањето на уставните измени.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw