March 31, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Пендаровски:Бидејќи Бугарија претера постои можност годинава да станеме членака на ЕУ

Денес нашиот претседател Стево Пендаровски имал разговор со високите претставници од ЕУ.

За време на овој разговор на Пендаровски му било ветено дека во месец Фебруари Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ затоа што Бугарија ги премина сите граници со своето понашање.

„Денес додека седев пред лаптопот и ги гледав лиските од мојата љубави Хрватката Нивес Целзиус на телефон ми се јави еден многу висок претставник од ЕУ! За да се осигурам дека некој не ме шупчи на телефон му реков колку си висок а тој ми одговори 215 сантиметри па тогаш веќе бев сигурен дека зборувам со висок претставник од ЕУ! Високиот од ЕУ ми рече дека Ние заслужуваме да бидеме членка на ЕУ затоа што Бугарија претерува. Кога го прашав кога би влегле тој ми рече дека ќе влеземе на 30 Фебруари 2023 година затоа му порачувам на народот веднаш да започне да се радува и да се весели“. Истакна претседателот Пендаровски.

Претседателските советници за националини прашања и безбедност во координација со Бујар Османи до структурите на НАТО поднеле барање да бидат подготвени за воена интервенција на Месеците Јули и Август затоа што одбиле да му дадат по еден ден на Фебруар па на 30 Фебруари да станеме членка на ЕУ.

Кога побаравме одговор од НАТО за барањето ни рекоа да почекаме 1 час затоа што сеуште имаат стомачни болки од смеење откако го примиле барањето за напад на Месеците Август и Јули. По еден час од НАТО ни одговорија дека повикот кон Пендаровски доаѓа од Будимпешта и дека некој се лади со него.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw