December 8, 2023

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Макрон: Владата на чело со Ковачевски ќе одговара за тоа што и го направи на Франција

Денес повторно пукна скандал во Македонија. Како и секогаш така и овој пат во скандалот се замешани политичарите од нашата држава.

Скандалот кој го предизвикале Македонските политичари ја крена Франција на нозе и многу го налути Францускиот Претседател Макрон.

Француска фирма од областа на инжињерските иновации по наредба на Макрон пристигнала во Македонија и пуштила машина која ќе се бори против криминалот но истата била украдена и уништена.

„Македонската влада на чело со Ковачевски море не само владата туку и сите останати политичари во Македонија ќе треба да сносат последици затоа што уништија совршен робот и нанесоа голема штета на Франција“. Истакна Макрон

Портпаролот на компанијата која што го направила роботот истакна дека првично роботот бил тестиран во Франција, Германија, Канада, САД и Италија и дека истиот работел успешно затоа што откривал и ловел по 10 000 случаи на кримнал и корупција а потоа ги апсел сторителите.

Откако во погоре наведените држви роботот се покажал успешно Макрон и наредил на компанијата да го донесе роботот во Македонија и да ги реши криминалот и Корупцијата.

Кога компанијата пристигнала со роботот на нашиот аеродром биле пречекани од нашите политички елити но по 5 минути роботот го немало односно бил украден.

Од нашата влада истаканаа дека Макрон непотребно се налутил затоа што роботот кој требало да лови криминалци е само обична играчка затоа што неможел нити да започне да трага по криминалци во Македонија а не пак да ги открие и уапси.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw