Ковачевски: Вртевме вртевме и кога оп кај жената се падна тендерот за струја годинава

На изненадувањата од политичарите им нема крај затоа што тие многу добро мислат за народот и се одлучија да го изненадат народот и денес.

Денес Ковачевски за народот приреди 2 изненадувања кои се разбира донесоа само радост и насмевски кај народот.

Првото премиерско изненадување од нашиот премиер беше за коледарчињата затоа што по предлог на неговата сопруга тој им подели по еден тендер и по еден фотоволтаичен панел за да можат да продаваат струја.

А второто премиерско изненадување се случи предмалку затоа што годинава лебчето со тендери за струја се паднало точно кај сопругата на премиерот.

Ковачевски покрај тоа што посака во секој дом да има здравје среќа и берикет кажа дека извлелувањето односно вртењето на лебчето со тендерот не било наместена работа и дека е чиста среќа на сопругата за оваа година.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw