Бислимовски: Многу домаќинки виткале сарма во големи тенџериња ќе има казни

Празниците си се празници но кризата за струја си е криза за струја па затоа штедење мора да има без разлика дали е празник или некој обичен ден. Кажаа од регулаторната комисија за енергетика.

Во текот на овие празници биле забележани голем број на прекршувања на мерките за стедење од страна на домаќинствата па затоа сега за истите ќе следувале казни заради неикономија и недомаќинлук.

За време на овие празници била спроведена акцијата САРМА па тим од полицајци на чело со Бислимовски патролирале за да проверат дали народот штеди на струја и готви во мали тенџериња.

Бислимовски: „Со тим од полицајци се преправивме како коледарчиња и заминавме во контрола од врата на врата да видиме дали штеди народот, во оваа акција никој не беше поштеден бевме и кај премиерот, се што можам да кажам за Ковачевски е едно големо БРАВО човекот беше и штедлив но и како коледари добро не пречека и ни подари по еден соларен панел за да не се арчи струја во иднина но што се однесува до другите домаќинства таму беше ужас кога ќе заѕвоневме наврата и пеевме како коледари јасно се гледаше дека некои домаќинки сармата буквално ја мотаа во војнички лонци, лонците беа толку многу големи што може и Маричиќ комотно да влезе во нив затоа за овие домаќиства ќе следуваат казни по завршувањето на празниците, но да бидам реален имаше и одреден број на семејства кој што штедеа максимално односно дури не им работеше твончето па тропавме на вратите луѓето беа со исклучена струја што значи дека беа максимално штедливи затоа овие луѓе ќе бидат наградени и нема да платат големи сметки за струја“. Посочи Бислиовски.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw