Владата на нашата земја продолжи со незапирливо работење затоа што Македонксиот народ заслужува подобра држава за живеење.
Додека сите ние се пијанчевме за новата година нашиот владин тим напорно работеше за да го исполни ветеното пред граѓаните.
Сите големи држави се исплашени поради зголемена инфлација во 2023 година но сепак нашата влада не само што не е исплашена туку и најавува голем економски бум оваа година.
Покрај економските придобивки граѓаните ќе добијат оваа година уште една голема придобивка затоа што владата конечно го заврши автопатот Охрид Кичево.
Од владата му соопштија на народот дека автопатот Охрид Кичево е готов и спремен за употреба но дека народот тоа неможе да го види затоа што Груевски нарочно преку харп системи предизвикувал магла на територијата на Македонија за да ги успори очигледните успеси на владата предводена од СДСМ
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња