Ковачевски: Веќе е јасно како бел ден Заев прима наредби од Груевски и сака да ме сруши

Отакако се обелодени во јавноста дека Заев и Филипче заминале во седиштето на СДСМ да се пресметаат со Димитар Ковачевски народот решително одлучи да си мава сеир во оваа нивна внатре партиска пресметка.

Најблискиот човек на Ковачевски неговиот бербер истакна дека Заев и Филипче ненадејно упаднале во просториите на СДСМ и го повикале сегашниот премиер на фер борба во рингот но Ковачевски ја одбил оваа понуда затоа што во тие моменти не ги носел боксерските нараквици, по што Заев и Филипче започнале да се закануваат дека некој повеќе нема да биде премиер.

Ковачевски ни кажа дека Заев и Филипче се под целосна команда на Груевски и дека спроведуваат негови планови затоа што се љубоморни на неговите успеси и сегашниот владин состав.

Македонскиот народ во овие моменти со нетрпение чека да дознае во кои кина ќе се емитува овој сеирчџиски филм кој е снимен од страна на сегашните политичари.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw