March 31, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Ковачевски: СДСМ неможе да направи темелни реформи затоа што Груевски ни прави проблеми

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски беше кај познатата бајачка од Брајчино за да му ја каже иднината за 2023 година но и да му бае против малер и уроци.

Ковачевски на бајачката и признал дека се нафатил да биде премиер во овие тешки времиња за државата но дека не очекувал нелојална конкуренција на напади од Будимпешта и тоа лично од Груевски.

Ковачевски: „Груевски ми правеше ми прави но и ќе ми прави проблеми затоа што е многу љубоморен на мојата способност и подготвеност, секогаш кога ќе направам одредена реформа или ќе се обидам да донесам некоја странска фабрика Груевски ми ја кочи работата еве ви еден примиер. По примерот на Фејзбук и Гугл во државата сакаше да отвори фабрика и Мајкрософт, но фабриката на Мајкрософт не ја отвориФНЕ затоа што Груевски тајно пристигнал и ни ги украл лопатите за удирање на камен темелник“.

Ковачевски дополнително кажа дека тој сака светла иднина за граѓаните но за да дојде до светла иднина за Граѓаните ќе мора Груевски да престане да прави проблеми за да може успешно да работи.

Бајачката од Брајчино му кажа на Ковачевски дека ќе ја тргне магијата од Груевски па потоа радосниот Ковачевски ја награди со неколку добри државни тендери.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw