СРЕЌНА НОВА ГОДИНА МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ СИТЕ ДА БИДЕМЕ ЖИВИ ЗДРАВИ И СРЕЌНИ ВО НОВАТА ГОДИНА!!!!
Некој наши министри очигледно дека работат со полна пареа дури и за време на новогодишниот дочек.
Нашата вредна министерка Славјанка за време на новогодишната ноќ била со работен ангажман односно правела проверка на касарните и живеалиштата на нашите војници.
Во извештајот напишан лично од Славјанка се наведува дека за време на новогодишната ноќ кај голем дел од војниците била пронајдена РУСКА САЛАТА со сумнителен квалитет што е сосема доволен показател дека овие војници се класични руски шпиуни кои имаат за цел да ја дестабилизираат Македонија и да го распарчат НАТО преку руска пропаганда која се ширела преку познатата руска салата.
Сите војници кои користеле руска салата добиле само усмена опомена а салатата им била одземена и им било дадено македонско гравче тавче во американска амбалажа.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ