Ковачевски: Наредните парламентарни избори ќе бидат наместени од Груевски

Иако 2024 година е далеку сепак политичките партии веќе се наместени на стазата и ги прават подготовките односно неофицијално се почнати со предизборната трка.

Резултатите од последната анкета покажаа дека ќе биде победник ВМРО ДПМНЕ а што се однесува до Левица таа со сигурност ќе има најмалку 12 пратеници но можно е да има и поголем број на пратеници од СДСМ.

Погоре наведените параметри од анкетата го натераа Ковачевски да направи одредени чекори и анализи па своето мислење преку соопштение и го пренесе на јавноста.

„Јас како премиер се соочувам со голем предизвик затоа што морам и да ја задржам сегашната влада но и да војувам против Груевски и Апасиев. Значи народот нас не сака а јас имам најголем рејтинг како премиер па затоа ви вилеам дека последната анкета е масло на Груевски и Апасиев за да може Груевски да се врати на власт па потоа заедно со Апасиев да ни се одмаздува и да не начука сите од сегашната влада во затвор! Се што предходно ви наведов е показател дека Груевски ќе ги намести наредните избори за да падне СДСМ од власт затоа сега одам кај странските амбасадори да им кажам за планот на Груевски па они понатаму да ми кажат што да правам затоа што јас како премиер без дозвола од амасадорите не само што несмеам туку и незнам што треба да направам“. Истакна Ковачевски.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw