March 31, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Ковачевски: Анкетата покажа дека 99 проценти од македонците се задоволни од платата

Во македонија политичарите си тераат по свое веќе 30 години а најверојатно така и ќе продолжат.

Димитар Ковачевски како наш премиер за разлика од другите премиери секогаш е спремен да го слушне и спротивното мислење па дури и тоа да не му допадне бидејќи денес е време на демократија.

За да може полесно да разбере како живее Македонскиот народ Ковачевски се решил самиот да спроведе анкета дали Македонците се задоволни од платата. Таче анкетата ја спровел на 120 испитаници односно ги прашал нашаите пратеници дали се задоволни од платата што ја земаат затоа што тие се релевантни како извор но исто така се дел од народот.

По завршувањето на Анкетата Ковачевски кажа дека сите пратеници одговориле дека се задоволни од платата што ја земаат (НЕШТО ВО СТИЛОТ АБЕ ДОБРО Е АМА МОЖЕ И ПОДОБРО) но му укажале дека не е се во платата и дека ќе треба нашата влада да поработи за зголемување на патните трошоци. Изјавата на нашиот задоволен премиер ја имате подолу.

„Решив да прошетам низ државата за да видам како ми живее народот се облеков тебдил ставив перика за да не ме познаат па ајат ајат нога занога кинисав по земјата. Додека шетав по земјата наша решив самиот да спроведам анкета дали народот е задоволен од платата што ја зема, пред да ја направам анкетата се мислев се думав што да сторам и фала богу ми текна дека треба да ги прашам во собрание дали се задоволни од платата! Бидејќи носев перика и бев облечен како Ранду од Касандра никој не ме препозна а сите пратеници ми кажаа дека се задоволни од платата! Епа бидејќи пратениците се дел од народот ако тие се задоволни од платата значи дека и целиот останат народ е исто така задоволен од платата“.

Владиниот портпарол истакна дека Ковачевски навистина ставил перика и се преоблекол дебдил за да дознае како живее народот и надополнија дека сите кои викаат дека сме сиромашни се обични руски платеници кои го тероризираат народот.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw