По извршувањето на координираната акција од страна на МВР на граничниот премин Табановце започнаа да се појавуваат шпекулации за вистинитотста на акцијата.
Бидејќи целата ситуација изгледаше на предновогодишна претстава од театар комедија кај народот се појави дилема дали е ова некој нов политички циркус или пак е навистина полициска акција за сузбивање на криминал.
За да нема дилеми во јавноста нашиот министер Спасовски ја потврди акција и кажа дека навистина имало приведени полициски службеници и полицајци бидејќи кај нив биле пронајдени пари во кутии за цигари.
По завршувањето на оваа коична претстава ооо пардон акција на МВР поранешниот наш премиер Георгиевски неможеше да остане рамнодушен па на Спасовски му порача неговите приведени пријатели да бидат ослободени. Обраќањето на Љубчо го имате подолу во продолжение.
„Како поранешен премиер на државата му кажувам на Спасовски да не се занесува многу и му наредувам веднаш да ги ослободи моите пријатели од царина паа видете вака луѓето ги тормозат затоа што во кутиите од цигари им нашле пари ма ајде ви се молам па јас на времето кога бев премиер со таквите кутии станав средно богат бизнисмен затоа е повеќе од очигледно дека и овие луѓе не направиле ништо лошо туку дека само сакале да бидат средно богати бизнисмени“. Истакна Георгиевски во наредбата до Спасовски.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња