Ковачевски: Груевски од Унгарија цело време ми поставува пречки затоа не ни оди со ЕУ

Ковачевски е наш премиер дали на некого тоа му се допаѓа или не тоа е сосема друга работа но сепак реалноста е дека тој е наш премиер.

Во периодот од осамостојувањето до денес Македонија имала повеќе премиери некој бил пократко друг подолго но со сигурност се знае дека премиер со најдолг стаж е Никола Гриевски кој моментално се наоѓа во Будимпешта.

Димитар Ковачевски кој во моментов е кормилар на бродот односно премиер на нашата држава смета дека моментално неможеме да влеземе во ЕУ затоа што Груевски е крив бидејќи тој става препреки на патот кон ЕУ.

„Како сегашен премиер ви гарантирам дека нашиот пат кон ЕУ води преку автопатот Охрид Кичево но за жал овој пар е трнлив и тежок затоа што Груевски од Унгарија цело време ми поставува сопки и препреки, човекот буквално користи магии па така пред некој ден кога влегов во кабинетот го видов како седи на моето столче и потоа наеднаш исчезна и не само тоа многу пати тој и на сон ми доаѓа и ќе ми рече ЕПТЕН НЕ ТЕ БИВА ЗА НИКАДЕ СИ НА КОГО СЕ МЕТНА ВАКОВ и ќе си замине затоа затоа ви гарантирам дека ние до сега ќе влезевме во ЕУ но цело време Груевски ми поставува пречки што би рекол народот АКО КОВАЧЕВСКИ ГО БОЛИ ЗАБОТ ГРУЕВСКИ Е КРИВ“. Истакна нашиот сегашен премиер.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw