Спасовски: Браво за реакцијата на полицијата која спречи атентат планиран за Бучковски

Повеќе од јасно е дека сме само една точка на светската мапа кога е во прашање територијата на нашата држава.

Денешната брза реакција на нашата полиција е доказ дека не е битно колку ти е голема територијата на државата доколку полицискиот систем работи навремено точно и без мито и корупција.

Спасовски: „ Брзата и професионална реакција на нашата полиција му го спаси животот на Владо Бучковски!!! Да да добро ви кажав Владо Бучковски за малку ќе беше ликвидиран од Руски тајни служби кои го гледаат овој храбар човек како опасност. Нашата темелна истрага покажа дека Русите сакале Бучковски да го ликвидираат на работното место однесно во неговата гаража каде деноноќно склопува тенкови и друг вид на оружје кое подоцна го праќаме во Украина, за голема жал на русиштата а за голема среќа на нас Бучковски беше спасен од нашите полицајци но за жал во гаражата на Бучко повеќе ги нема деловите за тенкови, но поважно е Бучко да е жив а за делови лесна работа ќе распишеме нов тендер и завршена работа“. Истакна Спасовски.

Во моментов Бучковски е надвор од животна опасност но поради претрпениот шок блада во сонот и цело време повторува ДЕЛОВИТЕ РУСИТЕ МИ ГИ УКРАДОА ДЕЛОВИТЕ НЕМАМ ДЕЛОВИ ЗА НОВАТА ПОРАЧКА НА ТЕНКОВИ.

Портпаролот и началник на болницата додека разгледуваше тендери кажа дека оваа реакција на Бучковски е нормална и дека тој целосно ќе се опорави штом возот од Скопје пристигне во Битола.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw