Црвенковски му прати скап новогодишен поклон на Ковачевски и кажа дека има надеж за нашата држава

Новогодишните празници се ближат па веќе започнаа да летаат честитки, поклони, и секаков друг вид на новогодишни изненадувања.

Без оглед на тоа дали си обичен смртник или политичар (шверцер на тендери) новогодишните моменти се за сите нас присутни само разликата е во тоа што пратеник или политичар ќе оди во дубаи а обичен смртник ќе шлока во некоја биртија или ќе си седи дома.

По повод новогодишните празници поранешниот премиер и претседател на Македонија Бранко Црвенковски му прати скап новогодишен поклон на Ковачевски и кажа дека сепак има надеж за нашата држава.

Црвенковски: „Функциите се минлива категорија сепак сите сме само луѓе кој понекогаш знаеме ептен да се радуваме! Да ви кажам право денес додека пиев виски и си тегнев од пурата видов слика од Ковачевски дека се вратил во училишните клупи да бидам реален се израдував одма си реков ФАЛА БОГУ МУ ДОЈДЕ ПАМЕТОТ ДА СЕ ВРАТИ ВО УЧИЛИШТЕ БЕЛКИМ КОНЕЧНО БАРЕМ ОСНОВНО ЌЕ ЗАВРШИ а со тоа ќе може подобро да ја раководи државата значи има надеж!! Па како што е ред на момчето му купив скап школски прибор од познати фирми во комплетот има тетратки по тесни и широки, фломастери, лењири, математички сметала, шестари, лењири агломери се што е потребно за момокот да истера основно образование!“. Се пофали радосниот Црвенковски.

Ншиот сегашен премиер и прваче Ковачевски беше видно весел и возбуден од добиениот поклон па затоа вети дека ќе учи и ќе носи петки а на чичко Бране му испеа и песничка.

БРЗАЈ БРЗАЈ ТАЧЕ КОН ШКОЛСКИОТ ДВОР ТЕ ЧЕКА ЧИЧКО БРАНКО СО ШКОЛСКИ ПРИБОР И ОД ВИСКИ ПИЈАН ЛОМ БРЗАЈ БРЗАЈ ТАЧЕ ЅВОНЧЕ ШИРИ ГЛАС ТЕ ЧЕКА НАСТАВНИЧКА СО ДИЈАЗЕПАМИ ЗА ПРВИОТ ЧАС

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ ЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw