Денес во главниот град Скопје но и во другите градови на целата територија на државата.
Во оваа голема акција која е поддржана од премиерот и министерот за внатрешни работи учествуваат и други институции и познати личности заедно со полицијата на терен.
Полицијата влегува секаде ненајавено и прави контроли па секаде каде што има прекршувачи на мерките се картираат апсаана.
„Бидејќи сум тајниот агент 0,0007 ооо пардон министер за внатрешни работи денес заедно со специјалните полициски единици, господинот Бислимовски, и господинот Бошковски ја започнавме операцијата ГОЛЕМО ТЕНЏЕРЕ!!! акцијата ја спроведовме на територијата на целата држава но најголем ек имаше во градот Скопје!!! Одевме ненајавени Бошкови како поранешен ученик на Чак Норис но и министер со еден удар ги кршеше вратите! Откако ќе влезевме во нечиј дом Бислимовски гедаше дали се готви во мало тенџере и дали тој односно таа што се тушира тушот е со тенок млаз вода, па доколку имаше прекршување на одредбите јас на лице место ги апсев и им пишував казни“ Кажа Спасовски.
Од владата посочија дека се задоволни од акцијата и дека преку казни се собрале доволно пари за да можат политичарите мирно да го поминат месецот без да се тепаат за тендери.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња