June 7, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Нострадамус: По завршувањето на големиот судир во Европа Македонија ќе има море повторно

Македонија има многу голема и богата историја па можеби затоа цело време е трн во окото на Европските и Балканските држави.

За нашата татковина Македонија пишувале многу хроничари, патеписци, цареви, кралеви, принцови, но и пророци.

Еден од најголемите а можеби и најголемиот пророк на сите времиња Нострадамус исто така многу пати ја спомнал Македонија во своите книги а за 2023 година што има запишано во Македонија ќе дознаете подолу.

Нострадамус: „Иако големиот цар Александар е одамна умрен сепак и во 2023 година неговата држава Македонија ќе постои па така во 2023 година во Македонија земјата ќе се затресе толку многу што ќе се отвори. Големиот потрес ќе се случи во почетокот на месец Јуни кога Маричиќ заедно со Славјанка ќе трчаат да ги запрат белиот коњ и Груевски кои ќе се обидат да се вратат во Македонија, додека Маричиќ и Славјанка трчаат по Груевски и белиот коњ Маричиќ ќе се сопне и заедно со Славјанка ќе паднат на земјата па под дејство на нивната тежина ќе настане силен потрес од кои ќе се затресе не само Македонија туку и целата евроазија како копно. Од големиот потрес егејското море ќе ја поплави Грција па Македонија повторно ќе излегува на море а во Гевгелија и Дојран ќе има пристаништа“.

Кога ги прашавме од владата што мислат за пишаното од Нострадамус тие ни одговорија дека тендерот сеуште е во процедура и рано е да се зборува. Кога ги прашавме каква врска има Нострадамус со тендер ти се изнасмејаа и ни рекоа АААА НОСТРАДАМУС НИЕ ВЕ СЛУШНАВМЕ НАДВОЗНИК И ПОМИСЛИВМЕ ДЕКА НЕ ДУПИТЕ АВТОПАТОТ ОХРИД КИЧЕВО!!!!! Видете вака Нострадамус не е наша работа затоа што Нострадамус е руски шпиун од времето на студената војна кој сеуште не умрел и за жал моментално се наоѓа под друг идентитет во нашата држава и работи за Путин и Русија.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw