Османи: Маричиќ се утепа од јадење никому ништо јас само еднаш јадев одма на кусо магаре ме качивте

Бујар Османи, Никола Димитров и Артан Груби по примерот на Маричиќ и тие кркале ручеци на државна сметка односно со парите на народот.

Погоре наведените кои кркале на државен трошок повторно предизвикаа лавина од реакции кај народот бидејќи тие ручеци се платени со наши пари.

За да ги смири страстите кај народот нашиот министер за надворешни работи како искусен дипломат реши да даде изјава.

Османи: „ Бидејќи сум министер за надворешни работи и сум искусен во дипломатијата јас неможам да сватам зошто народот толку крева галама околу јадењето на државен трошок па добро бе мајку му стара Маричиќ се утепа од јадење на државен трошок и никому ништо јас заедно со Груби и со Димитров седнав во ресторан да ручам а уствари и не беше некој ручек онака да пивнеме по некоја ракиичка одма на кусо магаре ме качивте односно сите тројца не качивте за разлика од Маричиќ ние сме поштени штедливи и имаме мерка видете не нас а видете го Маричиќ па Маричиќ подобро да го прескокне човек отколку да го заобиколи“.

По објавувањето на ова во јавноста Маричиќ кажа дека целосно ги разбира колегите затоа што јадењето на државен трошок е исто како да си во тесна кожа па затоа ги советуваше кога во иднина ќе јадат на државен трошо да јадат машки и како што треба зато што посекако народот ќе зборува вака барем накркај се па нека зборува народот.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw