Макрон: Денес потпишавме историски договор со Славјанка ова ќе ја зајакне одбраната на Франција и ќе и помогне на Македонија

Веднаш по завршувањето на светското првенство кое се одржуваше во Катар Макрон реши да си ги засука ракавите и да ја покани нашата министерка Славјанка да се потпише договор од областа на одбраната.

Неофицијално нашата министерка Славјанка веќе е во Париз а договорот е потпишан експресно.

Француските портали пишуваат дека Макрон се одлучил да потпише договор за одбрана со Славјанка откако му било кажано дека нашата министерка со сопствени раце успаела да запре голем број на проектили во Украина.

Макрон: „ Денес со Славјанка потпишавме договор во областа на одбраната затоа што оваа жена е супер голман штом успеала со голи раце да пречека руски проектили во Украина тоа значи дека таа е полн погодок за да биде иден голман на фудбалерите па здравје боже во 2026 година одиме да станеме прваци во фудбал е тогаш да ги видам каде ќе одат овој измесениот Меси и другите од Аргентина затоа што на Славјанка нема да можат ниту еден гол да и дадат“.

Нашето министерство за одбрана ниту ги демантираше ниту ги потврди овие информации само кажаа дека Франција е наш стратешки партнер и дека сме биле подготвени на секаков одговор и соработка со нив дури и во спортот.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw