Ковачевски: Во 2023 година ќе има многу пари за народот и ќе немаме потреба од ЕУ

2022 година беше многу тешка не само за Македонија туку и за целиот свет генерално.

Оваа година која е на самиот крај беше особено тешка и за владата во Македонија затоа што ни беа наметнати ненормални барања од страна на Бугарија за да станеме дел од Европското Семејство.

Но сепак македонците се секогаш снаодливи како вели народот ќе се снајдам и ќе си преживеам, па така и нашиот Премиер се досети како на својот народ да му пружи од пиле млеко за сите да живееме богато и да не се молиме пред портите на ЕУ.

Ковачевски радосно истакна дека е направен нов буџет за наредната година а истиот ќе биде во функција на граѓаните и сите пари од буџетот ќе одат во народните џебови затоа што во 2023 година нема предвидено средства за исхрана на Маричиќ односно тие средства ќе одат директно кај народот.

Овој потег на нашата влада мора да признаеме дека е за пофалба но сега се поставува прашањето кој ќе го замени местото на Маричиќ бидејќи од сигурни извори дознавме дека веќе си поднел оставка поради новите случувања во владата.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw