June 7, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Вучиќ: Славјанка од Македонија да престане да се меша во внатрешните работи на Србија

Главна тема на медиумите во регионот е за најновите случувања на Косово.

Претседателот на Србија изрази големо разочарување од постапките на нашата министерка Славјанка затоа што таа извршила директно мешање во внатрешните работи на Србија.

„Ова е невиден сканал кој го предизвика министерката за одбрана на Македонија затоа што се меша во внатрешните работи на Србија кога имаме проблеми со Косово таа тајно влегла на територијата на Србија односно во близина на Ниш па ја злоупотребила сопствената сила и тежина за да преврти и онеспособи 50 наши тенкови со што ја намалила борбената готовност на српската армија“.

Славјанка го потврди случајот па за медиумите го кажа своето видување на настаните.

„Видете вака Вучиќ непотребно се лути точно е дека јас им онеспособив 50 тенкови односно со свој раце ги превртев! Зошто го направив тоа паа видете јас покрај министерка за одбрана на нашата земја сум и таен агент на НАТО под кодното име Славјанка007 преку оваа операција во близина на Ниш го намалив руското влијание во регионот а што се однесува до превртените тенкови тие се произведени во ЈНА и се модел М84 слични на тие што јас ги донирав на Украина а ништо чудно и овие да им ги украдам и да ги дадам на Украинците“. Изјави Славјанка.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА

EfIhjEhiVZjACvmw