June 7, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Мораме да работиме за доброто на народот: Ковачевски цепеше дрва и држеше состаноци

Оваа сегашна влада е целосно посветена на реформите и работењето за да се создадат подобри услови за живот на сите граѓани во државата.

Нашиот министер за надворешни работи додека примаше инфузија држеше состаноци затоа што тендерите пардон граѓаните се на прво место.

Повеќе од јасно е дека ваква пожртвуваност нема само кај министерот за надворешни работи туку и кај целата влада.

Премиерот Ковачевки во исто време цепеше дрва и држеше состаноци за доброто на тендерите пардон народот.

Ковачевски: „За доброто на народот ќе работам и по 100 работи истовремено еве како што гледате во моментов вас ви давам интервју, држам владини состаноци и цепам дрва во американската амбасада.

Ковачевски се нафатил бесплатно да ги исцепи дрвата во абасадата на САД затоа што се надева дека на тој начин ќе успее да предизвика симпатии и сожалување кај амбасадорката па на тој начин не да биде дел од процесот во борбата против корупцијата.

Од амбасадата на САД истакнаа дека Ковачевски не работи бесплатно и дека од амбасадата му платиле за цепењето дрва па затоа нема да биде поштеден во борбата против корупцијата.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧЈАНИ

EfIhjEhiVZjACvmw