Денес имало голема и плодна координација помеѓу пратениците и владата.
По предлог на владата пратениците од нашето собрание експресно изгласаа дека се одобруваат 500 милиони евра за реновирање на затворите и изградба на нови затвори.
Овој предлог на владата доаѓа по извештаите на организациите од САД и ЕУ за состојбата во нашите затвори.
„Бидејќи ЕУ и САД ни укажаа на лошите услови во нашите затвори решивме да ги послушаме и да оддвоиме скромни 500 000 милиони евра за реновирање на истите, да бидеме реални не се само извештаите од ЕУ и САД пресудни кога ќе ја погледнете амбасадорката од САД во очите ќе сватите дека таа нас политичарите не демне како вампир, па доколку таа навистина отпочне со борба против корупцијата што мислите каде ќе одиме ние? За таа цел денес имаше конструктивен и координиран состанок помеѓу пратениците и владата па за среќа сите пратеници гласаа ЗА без ниту еден воздржан или против. Е сега вие новинарите и народот ќе речете ауууу 500 милиони евра е голема сума на пари! ДА ТОЧНО ГОЛЕМА Е!!! Но кога ќе се земе во предвид дека САД ќе прават чистка во земјава повеќе од јасно е дека ние ќе завршиме во затвор па најверојатно ова ни е еден од последните тендери затоа го замолуваме народот за разбирање“. Истакнаа портпаролите на Собранието и владата.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња