June 7, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Скандал во ЕУ: Ми дојдоа политичари од Македонија и ме наместија за корупција инаку јас сум невина

Во ЕУ имало голема акција против корупцијата и перењето пари. Во оваа акција се приведени личности на доста високи позиции а помеѓу нив се најде и Ева Каили.

Во оваа акција се одземени 600 000 евра во кеш но и други предмети кои биле користени за перење на парите.

Ева Каили која е потретседателка на европскиот парламент рече дека ги отфрла сите обвинувања и дека е невина затоа што била наместена од страна на политичари од Македонската влада.

Ева: „ Видете вака ги отфрлам сите обвинувања!!! Мене маж со рака ме нема допрено мислам дека тоа е доволно добар доказ дека сеуште сум невина. За жал пред неколку дена во посета ми беа членови на владата од Македонија и од нив ме префати нешто како вирус, тие ми оставија една машина за перење алишта и пари и една сушална + комплет од штипки и да бидам искрејна откако си заминаа еден глас постојано ми шепотеше во главата АЈДЕ ЕВА НЕ БИДИ ОВЦА ЗАБЕГАНА ДРПНИ ОД ПАРИТЕ КАКО ОВИЕ ОД МАКЕДОНИЈА И ЗБОГАТИ СЕ!!! Сакате верувајте сакате не но јас сум сигурна дека овие од македонската влада ми направија некоја магија.

По исказот на Ева од ЕУ нашиот премиер Ковачевски се најде во тесно па беше приморан да негира преку вонредна пресконференција.

Ковачевски: „ Веднаш да си кажам дека потпретседатеката на европскиот парламент Ева Каили измислува! Мислам одддалеку се гледа дека жената е вистински аматер кога кога е во прашање корупција и перење пари, демек ние сме ја наместиле за 600 000 евра, пфффф тешки измислици од аматер, па јас лично ви гарантирам ниту еден член на македонската влада или било кој политичар од Македонија не би се нафатил на корупција и перење пари кога е во прашање 600 000 евра затоа што сумата е премногу мала, се знае како е редот во Македонија се што е под 10 милиони евра е мала сума и не се исплати да се ризикува, затоа да и порачам на Ева Каили за друг пат да си знае дека не е добро да лаже и да ја префрла вината на други а ако веќе решила да стави нешто во џеб нека биде тоа со стил а не да се брука за мали суми од 600 000 евра.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw