Поранешната канцеларка на Германија Ангела Меркел додека беше во политиката многумина ја нарекуваа железната дама.
Не треба да се заборави дека таа беше во посета и на нашиот главен град па откако нашите политичари ја ограбија си поднесе оставка и се повлече од јавноста.
Сегашните случувања со Русија и Украина ја инспирираа Меркел да ја каже причината за Руското споро напредување.
Според Меркел русите во Украина се во застој и слабо напредуваат затоа што Славјанка му ги замрсила конците на Путин.
„Како поранешна канцеларка на Германија ви тврдам дека Путин можеше да ја смачка и прегази Укаина за 10 минути доколку на патот не му застанеше Славјанка! ДА ДА добро кажав Славјанка! Таа храбра жена со својот соработник Бучко направија над 1 милион црешови топчиња и ги донираа на Украина и плус од она што го дознав е дека покрај црешови топчиња веќе ги направиле и првите тенкови од црешово дрво кои се многу силни и наместо со гранати пукаат со машини за перење и тендери“.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Славјанка: Руските војници исплашени дезертираат и доаѓаат кај нас затоа што нашата влада ги покачи платите
Ковачевски: Имам механизам за да дознаам дали некој од партнерите ме изневерува кога е во прашање владината коалиција
Славјанка: Зборувавме со Зеленски и заклучивме дека Путин премногу се плаши од супериорноста на црешовите топчиња