Славјанка открива голем скандал: Имало обид за грабеж на проектили од магацините на АРМ

Денес целото министерство за одбрана и армијата се кренати на нозе затоа што во тек е голема истрага.

Истрагата се води под кодното име СПЕЦИЈАЛНА ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА СТОП!

Откако на интернет се појавија одредени статии дека Руската армија има недостиг од проектили се уклучил нашиот безбедносен аларм и започнала голема акција во самото министерство за одбрана.

Славјанка: „Изразувам благодарност до одредени портали на интернет бидејќи кога објавија дека руската армија има недостиг од проектили веднаш ми ги отворија очите и наредив истрага, истрагата покажа дека руски тајни агенти се обиделе да украдат голема количина на проектили од арсеналот на АРМ и да ги однесат на русите но благодарение на одредени портали реагиравме навреме па го запревме овој грабеж“.

По оваа истрага русите веќе дефинитивно се без проектили и ќе мора да потпишат капитулација истакна еден наш генерал додека и вареше кафе на Славјанка и го заменуваше портпаролот.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw