Славјанка му поставила два услови на Путин за прекин на огнот во спротивно ќе има тешки последици за Русија

Македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска пратила уште поголема количина на тенкови, оклопни транспортери, хеликоптери, авиони, и се разбира црешови топчиња како воена помош за Украина.

Нашето воено разознавање од министерството за одбрана веќе има информации дека откако сме ја пратиле погоре наведената воена помош Руската армија и Путин веќе се фатени во тесно како зајаци.

Бидејќи нашата министерка за одбрана е љубител на мирот за да дојде до прекин на огнот на Путин му пратила најмалку 2 а можеби и повеќе услови кои Путин и Русија треба да ги прифатат безусловно доколку сакаат да дојде до прекин на огнот во спротивно ќе има големи последици.

Славјанка: „Гордо можам да кажам дека не беше прашањето дали туку кога ќе бидат приморани Путин и Русија да молат за мир и за прекин на огнот, но бидејќи тие први почнаа сега ќе мора да ги исполнат моите услови доколку сакаат да има мир и прекин на воените дејстувања на АРМ. Првиот услов кој има неколку потточки се разбира е плаќање на голема воена оштета од страна на Русија не само на Украина туку и на нашата држава, исплатата да се изврши во суровини како што се НАФТА, ПРИРОДЕН ГАС, ЧЕЛИК, ДИЈАМАНТИ, УРАНИУМ и се разбира ГОЛЕМ БРОЈ НА ТЕНДЕРИ! Вториот услов е Територијата на сегашна Русија да се намали на 5 000 километри квадратни а остатокот од територијата да се даде на НАТО за да може да ја користи како воен полигон“.

Во моментов Путин и воените генерали со голем гнев и болка ги разгледуваат условите кои се поставени од нашата Славјанка, неофицијално Путин во договор со своите генерали решиле да ги прифатат условите на Славјанка затоа што постоело ризик Славјанка да се налути и да испрати уште поголема воена помош за Украина и се разбира со самото тоа да постави уште потешки услови за преговање и завршување на војната.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw