Во собранието настала општа паника и хистерија пратениците најавија оставки

Денешната седница во собранието на Република Македонија завршила за неколку минути.

Пратениците уредно си стасале во собранието и решиле да расправаат за предлог буџетот но токму тогаш настанала голема паника и хистерија.

Нашите пратеници кои се избрани од народот во собранието ја здогледале амбасадорката на САД со тимот за борба против корупција и веднаш најавиле оставки поради нечовечките услови за работа.

Синдикатот на пратениците изјави дека амбасадорката на САД во нашето собрание се понашала како шериф и вршела мобинг над пратениците бидејќи поради нејзините постапки нашите пратеници не биле во можност да си ја пишат слободно сумата за патни трошоци ниту па да се договорат кој каков тендер ќе лапне во замена за гласање.

Покрај синдикатот на пратениците и самите пратеници се се погласни пред новинарите и истакнуваат дека новата политика на амбасадорката од САД ќе ги доведе до питачки стап бидејќи само од пратеничка плата не се живее а доколку немаат дополнителни приходи од тендери и надпишани патни трошоци не ќе можат да го поминат месецот бидејќи ќе немаат доволно пари за да одат во казино а и плус ќе им се скаараат швалерите односно швалерките па затоа се приморани да си дадат оставки и да заминат на печалба во странство за да можат да си обезбедат подобра егзистенција.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw