February 26, 2024

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Елизабета: Ако Павле не гласа еве јас ќе гласам за уставни измени само Ковачевски ќе треба да ме направи доживотен пратеник на СДСМ

Вечерва премиерот Ковачевски доби нож во грбот од неговиот коалиционен партнер Павле Трајанов откако тој отворено кажа дека нема да гласа за уставните промени.

По оваа објава на Павле веднаш во јавноста се обрати поранешната министерка за култура Елизабета.

Елизабета: „Да не се секира премиерот Ковачевски што Трајанов рече дека нема да гласа за уставни измиени затоа што јас сум спремна да гласам за уставни промени кој еднаш гласал тој без проблем пак ќе гласа само што за возврат ќе треба премиерот Ковачевски да ме направи доживотен пратеник во редовите на СДСМ а што се однесува до гласањето уште еднаш му кажувам да не се секира“. Изјави поранешната министерка за култура.

По кажаното од Елизабета премиерот наш кажа дека благодарение на либералните и добри луѓе како нејзе вечерва ќе може мирно да спие затоа што европскиот пат на нашата земја сега е загарантиран, но исто така дополни дека Павле Трајанов најверојатно за 2 до 3 денови ќе се премисли и ќе се негира самиот себеси за тоа што го кажал.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw