Славјанка: Доколку Пенов има оклопни возила веднаш да ги донира на Украина да нека не ми прави проблеми пред ЕУ и НАТО

Поранешниот градоначалник на Скопје а сегашен министер во владата на СДСМ за неколку минути го крена на нозе народот но и владата да си бидеме реални.

Изјавата на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, дека владата има инструменти насилно да го прекине протестот на приватните превозници кои си ги бараат парите коишто, според нив, им ги должат Град Скопје и ЈСП Скопје, предизвика лавина реакции. Единствениот инструмент кој може да се употреби во случајов е ангажирање специјални единици, кои со оклопни транспортери би се обиделе да ги растераат приватните превозници од крстосниците.

По погоре кажаното од Пенов нашата министерка за одбрана реагирала мошне бурно и упатила остра порака за Пенов.

Славјанка: „ЦЦЦЦЦЦ па јас овој Пенов го мислев за разумен човек а он да ти бил ептен будала па затоа сакам да му порачам дека доколку тој има транспортери треба веднаш да ги донира на нашите пријатели од Украина затоа што нив најмногу им требааат. Јас како министерка за одбрана мислев дека сите тенкови и транспортери што ги имавме ги дадовме но ете господинот Пенов успеал да сокрие неколку па наместо да ги користи низ Скопје веднаш да ги донира на Украина“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw