Ковачевски: Веќе го имаме потребното мнозинство за уставни измени кои се според ЕУ стандарди

Премиерот Димитар Ковачевски денеска пред учесниците на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Тирана порача дека Македонија продолжува посветено да работи на уставните измени кои ќе се случат набрзо а преку тоа на ЕУ и светот уште еднаш ќе им покажеме дека сме на врвот кога се во прашање човековите права и слободи за сите кои живеат во Македонија освен за македонците.

Според премиерот пратениците кои ќе треба да обезбедат двотретинско мнозинство веќе се обезбедени и се ќе оди како подмачкано.

Ковачевски: „ Уставни измени ќе има во име на европските вредности и демократија а што се однесува до пратениците па и нив ги обезбедивме! Денес ми се јави еден од 8те пратеници кои гласаа за промена на името и ми кажа дека отвориле регуларна фирма која се вика ПРАТЕНК ПО ПОТРЕБА ДОО СКОПЈЕ па се договоривме да бидат за време на гласањето ангажирани како пратеници по потреба за сума од 1 милијарда долари + зголемен број на тендери, знам ќе речете скапо е но тоа е тоа патот кон ЕУ е и скап и многу трнлив“.

Портпаролот на фирмата ПРАТЕНИК ПО ПОТРЕБА ДОО СКОПЈЕ Изјави дека 8те пратеници ќе гласаат секогаш кога има потреба за такво нешто затоа што нивната фирма е законски регулирана и они поштено си го заработуваат парчето леб.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw