September 21, 2023

tvvesti.com

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Макрон и Шолц до Ковачевски: Дозволи му на Груевски да се врати и да инвестира во Македонија

Премиерот Ковачевски на маргините од состанокот на Западен Балкан имал кратка но мошне конструктивна средба со Претседателот на Франција Макрон и со германскиот канцелар Шолц.

За време на кратката но корисна средба нашиот премиер Ковачевски од Макрон и Шолц побарал овие 2 големи европски земји да инвестираат во Македонија.

Шолц и Макрон се согласиле со барањето на Ковачевски затоа што биле сигурни дека доколку се отворат нови германски и француски фабрики во Македонија многу полесно ќе станеме членки на ЕУ.

Макрон и Шолц за погоре наведениот предлог му предложиле на Ковачевски раководител и најголем странски инвеститор да биде поранешниот наш премиер Никола Груевски затоа што тој во овој момент е жител на ЕУ кој има големи познавања од Економијата и добро го познава теренот во Македонија па точно ќе знае каде и каква фабрика ќе треба да биде изградена.

По завршувањето на состанокот Ковачевски беше многу лут и видно вознемирен па за нашите медиуми исстакна дека Макрон и Шолц биле крајно несериозни и дека неможе да дозволи Груевски да биде новиот најголем странски инвеститор затоа што на тој начин ќе пропаднат фирмите на сегашните сопственици кои се дел од владата на СДСМ и плус тоа на тој начин може Груевски да ги стави во затвор сите сегашни членови на владата.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА

EfIhjEhiVZjACvmw