„Сите пратеници и владата односно секој еден кој се занимавал, се занимава, или ќе се занимава со политика нема да може да работи подолго време поради проблем кој ни е наметнат од надворешна сила на која што неможеме да се спротиставиме и не доведува во опасност“. Истакна премиерот Ковачевски.
Ваквата одлука на нашиот премиер, пратениците и сите оние кое се занимаваат со политика е поради фактот што Амбасадорката на САД нејзината екселенција Анџела П Агапер најави апсење и казнување на сегашни и поранешни политичари а најверојатно и идни.
Во овие моменти нашата политичка елита се наоѓа со куферите на скопскиот аеродром и чека авион за да фати џенем од државата.
Нашите свиркачи ни кажаа дека нашата политичка елита веќе си разменила боксови и шлаканици на аеродромот кога им кажале дека авионот нема да дојде поради недовршени тендери по што политичарите почнале да се обвинуваат меѓусебно кој е виновен за состојбата и какви требало да бидат процедурите процентите за тендерите на аеродромот.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Мислела дека нема да се омажи поради црна Магија но сепак на крајот…
Бил Гејтс: Со секој купен Windows 10 или 11 добивата гратис спреј против комарци наместо антивирус
Испитувањата на паднатиот метеор во Бугарија докажаа дека вселената има Бугарско потекло