Заев: Од дојавите за бомби во училиштата ќе се родат новите министри и премиери кои ќе владеат со нашата држава

Повеќе од јасно е дека лажните дојави за бомби воучилиштата предизвикаа напнатост кај населението.

За да се ублажи напнатоста кај нашето население поранешниот премиер Заев преку соопштение реши да им објасни на граѓаните дека во целото црнило со лажните дојави за бомби има и бела точка која може да биде позитивен пример за иднината.

Заев: „ Сакам да го смирам народот и да му порачам дека лажните дојави за бомби се дело на Груевски, Апасиев, и Путин но овие тројца кој што ги набројав не се свесни дека наместо штета само добро прават за народот и за државата преку пријавувањето за бомби! Еве на пример и јас кога бев средна школа таман да завршам средно некој ќе пријави бомба во школото и мене ќе ми речат епа Зоки сега ќе ја повторуваш годината, и да бидам искрен во средно годината ја повторував едно 6 пати па што ми фали премиер станав иако немам ниту средно завршено затоа што некој и тогаш пријавуваше бомби. И останатите членови на СДСМ се слична приказна како мене затоа му порачувам на народот да не биде напнат и да не се плаши затоа што преку денешните пријавувања за бомби ќе настанат идните премиери министри итн, кои умешно и вешто ќе раководат со државата“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw