Како и во секој друг град така и во градот Велес имаме полиција која што е задолжена да го чува редот мирот и спокојството на граѓаните.
Во градот Велес денес храбрите наши полицајци со голема брзина бркале сумнително возило кое немало регистарски таблици.
Додека траела оваа филмска бркотница полицијата успеала да го претекне сумнителното возило и да му го попречи патот по што еден полициски службеник испукал неколку предупредувачки куруми во воздух, потоа полицајците тргнале кон сумнителното возило да извршат легитимирање, документите покажале дека станува збор за таканаречено сумнително возило кое било управувано од жители на Арачиново по легитимирањето полицајците се извиниле и го пуштиле возилото слободно да си продолжи по патот.
Од МВР го потврдија случајот и изразија задоволство за коректноста на полицајците кои кога виделе дека во возилото има жетели на Арачиново биле многу културни па се извиниле и го пуштиле возилото.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Османи: Повлекувањето на Бугарскиот амбасадор ми предизвика повторно опаѓање на Косата
Путин: Бујар Османи има лоша фризура го советувам веднаш да го промени берберот
Ковачевски: Ако Заев продолжи да ми прави проблеми ќе бидам приморан да превземам мерки