Член на владата призна дека тој предизвикал хаос во казиното но потоа не ја прифатил одлуката на судот

Денес во едно казино се случувал вистински хаос а хаосот го предизвикал македонски полиричар односно член на владата кој е многу близок со Ковачевски.

Откако една национална телевизија објави дека нашиот најголем затвор за нашите затвореници набавил скапа и високо квалитетна храна односно, јунешко месо, јагнешко месо, телешко месо, високо квалитетен германски путер итн… Членот на владата Маричиќ се возбудил земал пиштол ставил женска хулахопка на глава и заминал да ограби казино.

Обезбедувањето во казиното го совладало Маричиќ и повикало полиција да го расчисти случајот.

Од обвинителството потенцираат дека нема некој голем прекршок па затоа судот експесно одлучил дека Маричиќ останува на слобода.

Адвокатот на Маричиќ најави жалба на одлуката од судот затоа што им Маричиќ штом се огрешил треба да си одлежи затворска казна како сите останати.

Маричиќ кој исто така беше нервозен поради ослободителната пресуда кажа дека инсистира да оди во затвор поради делото кое го сторил за да се смират реакциите во јавноста но и за атер на новонабавената храна за затворот бидејќи е храна со висок квалитет.

Од затворот изразија благодарност до судот а потоа веднаш наместија табла на која со големи букви пишува ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ЗА МАРИЧИЌ

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw