Славјанка: на Штајнмаер му беше ладно денес но санкциите кон Русија ќе продолжат во име на демократијата

Бидејќи изненадно не посети Претседателот на Германија сите наши владини експерти стоеа сус мирно и гледаа на секој можен начин да му угодат за да му дадат дознаење дека нашиот пат е кон ЕУ а како земја членка на НАТО ќе продолжиме со санкции кон Русија.

Додека беше Штајнмаер во Нашата земја се гледаше дека Славјанка беше вознемирена и беше под притисок како да изела еден војнички лонец со грав.

Славјанка: „Свесна сум дека на господинот Штајнмаер денес му беше многу ладно затоа што немаме ниту мазут ниту навта ниту плин за да уклучиме парно но што е тука е санкциите кон Русија мора да продолжат, па за да му биде потопло на господинот Штајнмаер го завиткав во јамболија и му дадов греена ракиичка и да бидам реална човекот се осеќаше потопло ама и греената ракија ја бендиса па се дрво се направи човекот за 10 минути и потоа се му беше рамно не осеќаше ниту топло ниту ладно али јебига период е ќе помине па од Април раат ќе тераме а Русија нека му ја мисли“. Кажа нервозната и под притисок Славјанка.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw