Спасовски: Во голема акција уапсивме политичар бидејќи е психијатриски случај и ја загрозува безбедноста на државата и владата

Денес МВР спроведе голема акција на територијата на нашата држава и уапси политичар.

Политичарот е веќе во притвор но бидејќи се утврдило дека е психијатриски случај со него се занимаваат и врвни психолози и психијатри.

„Се додека сум министер за внатрешни работи нема да имам толеранција за никого секој еден кој ќе се осмели да ја загрози безбедноста на државата ќе биде санкциониран затоа што благодарение на мене е на владата предводена од СДСМ ние сме најбезбедната држава во регионот! Дека тоа што го говорам е така ќе ви потврдам со тоа што денес во голема акција уапсивме чесен политичар на овој злосторник му биле нудени шиткања на наркотици, пасоши, му биле нудени и добри проценти од тендери но тој ги одбивал, со самото тоа што овој чесен политичар одбил се што му е понудено е доволен доказ човекот да биде уапсен од страна на МВР а потоа биде прогласен и за психијатриски случај“. Истакна Спасовски.

Од владата искажаа големо задоволство и го пофалија министерот Спасовски и истакнаа дека секој еден чесен политичар ќе биде уапсен и ќе биде прогласен за психијатриски случај затоа што оваа категорија на луѓе биле многу опасни и за владата но и за безбедноста на државата која во моментов е најбезбедна држава во регионот благодарение на СДСМ.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАНИ

EfIhjEhiVZjACvmw