Маричиќ виден на статионите властите во Катар стравуваат од недостиг на храна и гладување а на Македонија и се заканува банкрот

Нашиот владин претставник Маричиќ ове денови е забележан на стадионите во Катар каде што ги следи фудбалските натпревари во живо.

Додека нашиот Маричиќ ужива во гледањето фудбалски натпревари властите во Катар веќе имаат голема главоболка затоа што почнуваат да имаат недостиг од храна а голема е веројатноста неколку години населението на Катар да гладува.

Неофицијално Маричиќ до денес во Катар успеал да изгустира храна што народот на Катар би ја јадел 150 години.

Наводно властите на Катар го замолиле Маричиќ да намали со дегустацијата на храна затоа што во спротивно нивниот народ ќе биде осуден на гладување.

По молбата Маричиќ им кажал на Катарците да не се грижат затоа што се што изгустирал уредно си го плаќал со државната картичка.

Доколку Маричиќ навистина за јадењето плаќал со државната картичка тоа значи дека на Македонија и се заканува банкрот бидејќи таков трошок би ги банкротирал и ММФ и светската банка а не пак Македонија.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw