Кога јапонците разбрале дека возот од Скопје до Битола патува 10 часа помислиле дека Македонија е дупло поголема од Русија

Јапонците овие денови беа во вистински шок поради нашиот железнички транспорт.

Јапонците кога разбрале дека патнички воз во Македонија од Скопје до Битола патува 10 часа па дури и повеќе претпоставиле дека Македонија е територијално најголема држава во светот односно дека е дупло поголема од Русија.

За жал незнаејќи за состојбата во нашите железници некои Јапонци кои докторирале во областа на географијата биле лути и ги запалиле своите дипломи затоа што биле сигурни дека нивното учење е фикција и лага затоа што Македонија територијално е поголема од Русија.

Од Македонски Железници кратко ни одговорија дека немаат време да се занимаваат со проблемите на Јапонците затоа што сеуште го чекаат возот од Скопје да пристигне во Битола.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw