Ковачевски: Макрон ми дојде во посета и ми кажа што да направам за да влеземе во ЕУ

Францускиот претседател Макрон допатувал во нашата земја по покана на премиерот Ковачевски.

На оваа изненадувачка средба која се одржала по барање на Ковачевски било разговарано што треба да се стори за нашата земја да стане полноправна членка на ЕУ.

Макрон советите на Ковачевски му ги дал од срце и кажал дека сака нашата земја да ја види како полноправен член на ЕУ.

„Сакам да порачам на народот пд нашата земја дека ние во 2023 година влегуваме во ЕУ затоа што со денешната посета Макрон ми кажа што да направам за да влеземе во ЕУ! Имено Макрон јаде многу шамари од својот народ затоа што е многу популарен па топло и пријателски ми препорача да го следам неговиот пример па секаде кога ќе одам во јавност да провоцирам и да јадам шамари па кога ќе изедам едно 60 шамари веднаш нашата земја ќе биде примена во ЕУ“.

Портпаролот на владата истакна дека Ковачевски е храбра личност и дека е подготвен исто како Макрон да јаде шамари за да влеземе во ЕУ затоа што тоа е за доброто на народот.

Како новинари дознавме дека владата веќе подготвила теренска програма под мотото НАРОДЕ ШАМАРИ ГО ТАЧЕ ЗА ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА И НЕ Е РЕАЛНА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw