Во моментов во Катар се одржува светското првенство во фудбал, оваа манифестација создаде полни раце работа за безбедносните сили на Катар.
При воведување на редот и мирот во Катар полициските службеници направиле голем пропуст односно поради забуна ги привеле па потоа ги ослободиле Заев и Филипче.
Заев и Филипче за време на мундијалот продавале на тезгра струмички лубеници и краставици, Заев бил продавачот додека Филипче бил гарантот и потврдувал дека лубениците и краставиците се уредни и дека имаат примено по две дози вакцини.
Несреќното приведување на Заев и Филипче се случило кога на полициски службеник во цивилка Заев му се обратил на англиски јазик и го понудил со лубеница. Полицаецот кога го слушнал Заев како зборува англиски помислил дека нашиот поранешен премиер е дупе пијан па поради безбедност на сите наредил приведување.
Во полициската станица во Катар инспекторите констатирале дека Заев и Филипче немаат алкогол во крвта а зборувањето на Заев на англиски не е поради пијанство туку дека е нов акцент во зборување на англиски јазик познат како ЗАЕВАЧКО АНГЛИСКИ АКЦЕНТ.
Државните органи упатиле извинување до Заев и Филипче и им ветиле дека во знак на извинување на сите стадиони ќе стават геогравска одредница северна.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА