Спасовски наредил итна евакуација на владата поради поставен сумнителен предмет

Денешниот ден за нашите членови на владата започнал бурно затоа што биле тајно и експресно евакуирани.

Членовите на владата биле евакуирани по инсистирање и наредба на министерот Спасовски.

Деталите од денешното случување ги имате во соопштението на нашиот министер за внатрешни работи.

„ Пред неколку часа наредив итна евакуација на владините членови затоа што пред владата имаше оставено сумнителен предмет односно пред владата имаше паркирано теренско возило Лада Нива што укажува дека некои се обидуваат да наметнат руско влијание во нашата држава која што е земја членка на НАТО, понатамошниот дел од истрагата покажа дека предметот односно возилото Лада НИВА е сопственост на еден од советниците на Левица но што е уште пострашно во возилото може да се влезе само со посебна картичка од Руската амбасада која им дава инструкции на оние кои можат да влезат! Како министер најодговорно ви тврдам дека пристап за влез до возилото покрај советникот од ЛЕВИЦА имаат и неколку други новинари кои примаат наредби од руската амбасада но и преку телефонски робот броеви му ставаат Лајкови на фејзбук на Апасиев“. Истакна министерот Спасовски.

Нашите свиркачи ни соопштија дека владините претставници во моментов се по медицинските прегледи се пиштени на домашно лекување затоа што кога го виделе возилото ЛАДА НИВА добиле нагон за повраќање, грчеви во стомакот и зголемена количина на издувни гасови.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е САТИРА КОЈА Е ЦЕЛОСНО ИЗМИСЛЕНА

EfIhjEhiVZjACvmw