December 5, 2022

Спасовски: Во тек е голема полициска акција во која учествуваат неколку илјади полицајци

Бидејќи моментално државната каса е во криза и може да зариба секој момент владата реши да најде начин да ја наполни државната каса.

За да се наполни дополнително државната каса МВР на чело со министерот Спасовски спроведе голема полициска акција во која учествуваат неколку илјади полицајци.

Големата акција на МВР била под името пасош! Па затоа секој странски политичар или било каква друга странска нарко бараба благодарение на акцијата на МВР ќе може да си купи пасош на акција односно плаќаш за еден пасош а добиваш гратиз за целото семејство.

Министерот Спасовски рече дека акцијата тече добро и дека неколку илјади полицајци веќе шиткаат пасоши на државјани од Колумбија, Мексико, Бразил, итн.

Спасовски дополни дека еден полициски службеник е суспендиран и притворен затоа што се полакомил па пробал да му продаде пасош на Владимир Путин за да ја оцрни нашата земја во очите на НАТО.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е 100% САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ

EfIhjEhiVZjACvmw