December 8, 2023

ХУМОР И САТИРА

ХУМОР, САТИРА И ЗАБАВА

Пендаровски: Цела вечер го чекав Раде Шербеџија некој се заебава со мене

Како и много други така и нашиот претседател бел под силни импресии од наводната посета на популарниот актер Раде Шербеџија.

Сите детали од случувањата во претседателската вила на водно ги имате подолу во продолжение.

Пендаровски: „Како и многу други така и јас вчера за џабе бев под силни импресии, само што ми кажаа дека Раде Шербеџија бил во Скопје решив да по пречекам па наредив во тајност да се зготви џорба во еден голем лонец и да се пушти парното во претседателската резиденција! Кога разбрав дека Шербеџија има двојник во Македонија и тоа баш во редовите на Левица веднаш сватив дека некој се заебава и со мене и со народот! Па затоа наредив да се спроведе истрага“.

Портпаролот на претседателот го даде следното дополнително соопштение.

„Истрагата докажа дека двојникот на Раде Шербеџија е член на Левица но во исто време и Руски таен агент и руски првокласен шпиун кој има за цел да ја изнесе Македонија од НАТО но и да ја растури Европската Унија како федерација и стожер на демократијата“.

НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА

EfIhjEhiVZjACvmw