Повторно се соочуваме со нови штрајкови и протести во нашата земја поради нелогичните чекори и постапки на сегашната влада.
Вработените во РЕК Битола кои во моментов штрајкуваат се заканија дека целосно ќе го запрат производството на струја и ќе ја остават Македонија во темница, штрајкот на вработените во РЕК Битола ќе трае се додека владата не го промени својот начин на Функционирање.
Првиот човек на синдикатот од РЕК Битола истакна дека вработените во оваа фирма останале без храна затоа што Маричиќ им ги изел сите сендвичи кои им биле предвидени за 4 години, затоа вработените бараат владината менза да си ги извршува своите обврски а не да ги праќа своите функционери во РЕК Битола за да ја јадат храната на вработените.
Маричиќ за јавноста кажа дека заминал во кругот на РЕК Битола затоа што од тоа место Ковачевски купил сендвич и многу го пофалил па затоа и тој заминал затоа што неможел да одолее и сакал да го дегустира.
Што се однесува до штрајкот на врработените нашиот премиер ја кажа следнава работа.
„Демес е демократија и како премиер ви кажувам дека секој има право да протестира и да штрајкува! А доколку РЕК Битола не произведува струја ние ќе си увеземе колку што ни треба и ќе го решиме проблемот“.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ СЛУЧАЈНИ
НОВОСТИ
Мислела дека нема да се омажи поради црна Магија но сепак на крајот…
Бил Гејтс: Со секој купен Windows 10 или 11 добивата гратис спреј против комарци наместо антивирус
Испитувањата на паднатиот метеор во Бугарија докажаа дека вселената има Бугарско потекло