На сите нас ни се познати секојдевните активности на сегашниот наш премиер, затоа што тој работи за доброто на сите.
За жал има злобни луѓе во диктаторската партија Левица кои се обиделе да му застанат на патот на Ковачевски.
Како и секој ден така и денес Ковачевски во името на македонските бизниси и економија бил да си купи тост, бурек,ракиичка итн но за жал злобните луѓе од Левица се обиделе да му направат големи штети на нашиот премиер. Тие наместо ракија му подметнале шише со вотка а на вотката имало етикета со Груевски и Путин како се насмеани и гушнати, но тоа не е се бидејќи Ковачевски бил гладен си купил тост со врат и кашкавал и кога каснал од тостот видел дека во тостот наместо врат и кашкавал има руска салата.
Нашите извори ни кажаа дека тостот од кој што каснал Ковачевски не бил отровен но бидејќи содржел руска салата Ковачевски бил пренесен во болница да му го исперат желудникот за да не му се налутат другарите од НАТО и ЕУ поради јадењето на тост со Руска салата.
Министерот за внатрешни работи веќе работи на случајот и кажа дека има осомничени членови на диктаторската партија Левица чија цел е да го врати во Македонија диктаторот Груевски.
НАПОМЕНА СТАТИЈАТА Е ЦЕЛОСНА САТИРИЧНА ИЗМИСЛИЦА СИТЕ СЛИЧНОСТИ СЕ ЛУЧАЈНИ